26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал триумфираше на УС Опен

Надал триумфираше на УС Опен

nadal

Шпанецот Рафаел Надал по вторпат во својата кариера победи на Отвореното тениско првенство на САД, откако ноќеска во финалето го победи Новак Ѓоковиќ од Србија со 3:1 во сетови (6:2, 3:6, 6:4, 6:1).

Ова за Надал е вкупно 13.та Грен слем титула во кариерата.

Шпанскиот тенисер го играше третото финале во Њујорк, а претходно победи во 2010 година.

Ѓоковиќ остана само со еден триумф во 2011 година на терените на „Флешинг Медоу“, а по петтипат беше финалист.

Првиот сет Надал го доби со 6:2, а потоа Ѓоковиќ изедначи на 1:1 добивајќи го сетот со 6:3. Во третиот сет до 4:4 беше нерешено, а потоа Надал ги доби двата гема во серија за водство од 2:1 во сетови. Шпанецот беше убедлив во четвртиот сет во кој поведе со 3:0, а сетот го доби со 6:1.

Во меѓусебните дуели сега билансот е 22:15 за Надал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП