27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција подготви план за службениците

Грција подготви план за службениците

grcija1

Грчката влада го финализираше контроверзниот план за преместување на државните службеници, кој ќе влијае на илјадници вработени во јавниот сектор.

Да се потсетиме дека тоа е еден од условите за земјата да прими средства од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.

„Донесовме конечна одлука, што ќе ни овозможи според план да го спроведеме преместувањето на 12.500 државни службеници до крајот на септември“, изјави грчкиот министер за административни реформи Киријакос Мицотакис, пренесува Франс прес.

Во замена за добивање на наредната рата од спасувачкиот пакет, Грција се согласи со преместување на 12,500 државни службеници до крајот на септември и уште 12,500 од нив до крајот на годината, како и со отпуштањето на 4.000 вработени во јавниот сектор до крајот на оваа година.

Според најновиот план, работниците мора да ги прифатат работните места кои ќе им бидат понудени или да поминат осум месеци со помала плата и да се обидат да најдат ново работно место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП