27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораснаа СДИ во Кина и оваа година

Пораснаа СДИ во Кина и оваа година

kina7

Странските директни инвестиции (СДИ) во Кина пораснале во првите седум месеци оваа година за 7,09 проценти на годишно ниво.

Така го поттикнаа оптимизмот околу кинеската економија меѓу странските инвеститори, покажаа официјалните податоци во Пекинг.

СДИ, не сметајќи го финансискиот сектор, во седум месеци, заклучно со јули, скокнале на 71,4 милијарди долари, наведува кинеското Министерство за трговија, а пренесува агенцијата Франс прес.

Само во јули, инвестициите скокнале за 24,13 проценти на годишно ниво на 9,4 милијарди долари, по растот од 20,12 проценти од јуни, кога СДИ во Кина достигнале 14,4 милијарди долари. „Податоците покажуваат дека странските инвеститори се оптимисти околу инвестициската клима во Кина, но тоа не значи дека сигурно СДИ ќе продолжат силно да растат во наредните неколку месеци“, рече портпаролот на министерството Шен Данјанг.

Министерството наведува дека инвестициите од ЕУ и САД релативно брзо растеле во првите седум месеци од 2013 година. СДИ од ЕУ во дадениот период пораснале за 16,72 проценти на 4,6 милијарди долари, а од САД за 11,44 проценти на 2,2 милијарди долари. Инвестициите од десет азиски земји и регионот, вклучувајќи ги Хонг Конг, Тајван, Јапонија и Сунгапур, пораснале за 7,74 проценти на 61,7 милијарди долари.

Министерството исто така изнесе податоци за кинеските инвестиции во странство, кои во седумте месеци од оваа година заклучно со јули пораснале за 20 проценти на 50,6 милијарди долари. Инвестициите во САД пораснале за дури 278 проценти на годишно ниво, додека вложувањата во Јапонија се намалиле за 11,5 проценти.

Кинеската економија, втора по големина во светот, напредуваше минатата година за 7,8 проценти, што е нејзино најбавно темпо во последните 13 години. Растот забави на 7,7 проценти во првиот и 7,5 проценти во вториот квартал од 2013 година, а најновите податоци укажуваат на зајакнување на економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП