26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLotus на пат да се опорави

Lotus на пат да се опорави

lotus2

Британската автомобилска марка која во моментов е во сопственост на малезиска компанија, полека се опоравува од кризата. За тоа сведочи зголеменото производство и веста за ангажирање на 100 нови работници.

„Lotus“ е основан со идеата да ги произведува најдобрите лесни спортски и тркачки автомобили во светот и на тоа остана доследен сите овие години, и покрај честите промени на сопствениците и раководечките структури.

Филозофијата на компанијата привлече многу љубители на автомобили, можеби не како купувачи, но како страствени фанови на моделите на „Lotus“. Во ерата на општата глобализација на автомобилската индустрија, современите модели на овој производител и натаму ги рефлектриаат идеалите на основачот Колин Чепмен.

Според пишувањата на британските медиумите, новиот сопственик, малезиски „DRB Hicom“, створил услови за ангажирање на околу 100 нови вработени, од кои 45 инженери, 40 работници во производство и 18 факултетски образовани кадри од други струки. Во меѓувреме и дневното производство достигна 40-45 единици, што е дополнително ја големи довербата и ја подигна самодовербата кај вработените.

Сепак на „Lotus“ во продажните салони и натаму му се потребни нови,свежи модели на кои потенцијалните купувачите мораат да почекаат уште некое време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП