26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпоред заработката Јуве пред Баерн во ЛШ

Според заработката Јуве пред Баерн во ЛШ

parii

Италијанскиот шампион Јувентус минатата сезона од натпреварите во Лигата на шампионите заработи 65.3 милиони евра, покажа анализата на „Газета дело Спорт“.

Интересно е дека според бројките „бјанконерите“ заработиле повеќе отколку освојувачот на титулата Баерн Минхен. Потсетуваме дека баварскиот гигант го елиминира Јуве во четвртфиналето од ова натпреварување.

Германскиот клуб објави дека заработил 55 милиони евра во ЛШ, додека финалистот Борусија Дортмунд на своето конто од ова натпреварување додале 54.2 милиони евра.

Другиот италијански гигант од северот на земјата, Милан ја зголеми својата банкарска сметка по минатогодишното учество во најкомерцијалниот клупски турнир со 51.4 ​​милиони евра.

По нив следат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона со 48.4 милиони и 45.5 милиони евра. Пресметката е направена врз основа на добиените суми од УЕФА и ТВ-правата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП