27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДаночна амнестија на Кипар до крајот на годината

Даночна амнестија на Кипар до крајот на годината

kipar

Кипарската Влада воведе даночна амнестија за оние кои до крајот на годината ќе ги вратат средствата кои ги изнеле од островот, јавуваат кипарските медиуми.

Владата вети дека оние кои до крајот на годината ќе ги вратат средствата ќе бидат ослободени од данок на приход.

До 15 март, кога Еврогрупата, која ги обединува министрите за финансии од еврозоната, ја објави одлуката депозитите во кипарските банки да се оданочат со еднократен данок, како услов за отпуштање на спасувачки заем за Кипар, од островот биле изнесени голем дел од депозитите во евра.

Вкупната сума на изнесени депозити се проценува на околу 700 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП