27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција „изгласа“ 12.500 откази

Грција „изгласа“ 12.500 откази

Greece Financial Crisis

Грчките пратеници синоќа го изгласаа законот кој предвидува отпуштање или преместување на 12.500 работници вработени во јавниот сектор, главно наставници или вработени во општинскиот сектор.

Затворањето на работните места во државните служби е побарано од страна на меѓународните кредитори, со цел да биде одобрена новата транша помош од 6,8 милијарди евра, во рамките на заемот од 240 милијарди евра.

Владата на Грција има поддршка од 155 до 300 пратеници, но изгласувањето на законот беше тесно, бидејќи два пратеника од владеачката коалиција не ги поддржаа клучните членови од законот.

Со овој закон се отвара патот за отпуштање на 15.000 работници до крајот на наредната година.

За време на гласањето во парламентот граѓаните во Атина се собраа да протестираат, а постојат најави и за организирање на масовен штрајк.

Грција од 2010 година добива кредитна помош од Меѓународниот монетарен фонд и партнерските земји од еврозоната, за да може да ги избалансира јавните финансии и да ги отплати државните долгови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП