26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБенитез има огромен буџет за нови играчи

Бенитез има огромен буџет за нови играчи

benitez e de laurentiis

Добра вест за новиот тренер на Наполи, Шпанецот Рафаел Бенитез. Италијанскиот клуб има на располагање 124,5 милиони евра трансфер-буџет за нови засилувања.

Ова го објави претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис за време на сесија на прашања и одговори на „Twitter“. Вчера неаполитанците го продадоа Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани на ПСЖ за над 60 милиони евра.

„Ако ги додадеме овие 64,5 милиони евра кон 60-те милиони кои веќе беа на располагање во трансферниот буџет, тоа прави одлични 124,5 милиони евра што Наполи ќе ги инвестира внимателно”, изјави Де Лаурентис.

Шефот на клубот од „Сан Паоло“, додаде дека сега задача на тимот е да најде замена на Кавани и потврди дека Гонзало Игуаин од Реал Мадрид и Леандро Дамиао од бразилскиот Интернасионал се приоритетни цели на Наполи.

„Точно е дека преговараме за Игуаин и Дамиао”, изјави претседателот на клубот и потврди дека дефанзивецот на Реал Мадрид, Раул Албиол е многу блиску до трансфер на „Сан Паоло“.

„Раул Албиол ги поминува медицниските прегледи. Да се надеваме дека се ќе биде ред “, додаде Де Лаурентис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП