27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаполи подготви понуди за двајца од Реал

Наполи подготви понуди за двајца од Реал

tumblr_m3078tGcCR1qdu6cco1_500

Екипата на Наполи подготви понуди за двајца играчи на Реал Мадрид. Како што пренесуваат медиумите во Италија станува збор за Гонзало Игуаин и Раул Албиол.

Според информациите кои пристигаат од Неапол за трансферот на Раул Албиол клубот е подготвен да понуди 12 милиони евра оштета и да му понудат четиригодишен договор на играчот. Но за него се уште се  заинтересирани и Ателтико Мадрид и Валенсија.

Додека пак за трансферот на напаѓачот на „кралевите“ раководството на Наполи има во план да понуди 30 милиони евра, но и за него има голем интерес од страна на неколку екипи.

Второпласираната екипа во Италија од минатата сезона веќе се засили со играч кој доаѓа од редовите на Реал Мадрид, тие пред неколку дена го купија Хозе Калјехон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП