26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајскапите ТВ станици во светот

Најскапите ТВ станици во светот

feature_espn36__01__630x420

Конкуренцијата во светот на ТВ мрежите е многу силна. Најскапите телевизии во светот чинат милијарди долари. Видете кои се 10-те најскапи ТВ мрежи:

10. CNN – 6.1 милијарди долари

„Cable News Network“, позната како „CNN“, е основана во 1980-та година од Тед Тарнер. Таа нуди вести 24 часа на ден и една од најпочитуваните ТВ станици во светот. Ја гледаат над 260 милиони луѓе во 212 земји надвор од САД.

9. ESPN 2 – 6.9 милијарди долари

Се гледа во 89 милиони домаќинства во САД. Вториот канал на „ESPN“ e oснован во 1993-та година, а тогаш е наменета за помладите гледачи. Потоа сепак е ребрендирана и денес е спортски канал. Тука се емитуваат најголемите тениски првенства: „Wimbledon“, „US Open“, „French Open“ и „Australian Open“.

8. Discovery Channel – 7 милијарди долари

Во 1998-та година бил само еден канал, а денес компанијата има 28 брендови во 100 канали кои се емитуваат во светот. Меѓу брендови се „Animal Planet“, „Discovery Fit and Health“, „Velocity“, „Destination America“, „The Learning Channel“, „Military Channel“ и други. Има 1.5 милијарди претплатници.

7. MTV – 7 милијарди долари

Почна со емитување од август 1981-та година. Првичната идеја била да емитува музика 24 часа на ден. Денес нуди претежно шоу програми.

6. USA Network – 7.7 милијарди долари

Почна со емитување во 1971-та година. Првичната слава се должи најмногу на многу успешните сопствени серии и ТВ шоу програми.

5. Disney Channel – 9.3 милијарди долари

Првично таргет групата беа само деца, но денес телевизијата се труди да привлече и други клиенти, како тинејџери и возрасни. Започна во 1981-та година, а денеска тие се емитуваат во 160 држави на 30 јазици.

4. TBS – 9.6 милијарди долари

Сопственост е на „Time Warner“ и е основана во 1976-та година. Емитува претежно повторувања на серијали од жанрот комедија, како и некои спортски натпревари.

3. Fox News – 11.4 милијарди долари

Околу 15 часа на ден се емитуваат програми во живо. Основана е во 1996-та година. Творец на каналот е Руперт Мардок. Во првата година на емитување имале 17 милиони претплатници, а денес се над 102 милиони.

2. TNT – 13 милијарди долари

Тоа е сестринска фирма на „Time Warner“ и емитува многу филмови, претежно во жанрот драма. Основана е во 1988-та година.

1. ESPN – 25.6 милијарди долари

Спортската телевизија е основана во 1979-та година. Емитува натпревари во живо, како и шоу програми и интервјуа. Основачи на овој канал биле Бил Расмусен, Скот Расмусен и Ед Иглн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП