27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПентагон праќа 650.000 работници на принуден одмор

Пентагон праќа 650.000 работници на принуден одмор

pentagon-picture

Големото намалување на буџетот на американската администрација му зададе тежок удар на Пентагон. Тоа резултираше со испраќање на скоро 650.000 цивилни работници на неплатен одмор.

Цивилите кои се вработени во Министерството за одбрана на САД ќе мораат да „одмараат“ 11 дена до крајот на оваа фискална година.

Неплатениот одмор ги намалува нивните плати за 20 проценти во време кога американската економија се подобрува.

Намалувањето на платите најмногу ќе ги погоди Вашинготн, Калифорнија и Тексас во кои има големо воено присуство.

Министерот за одбрана Чак Хејгел објави во мај дека ќе дојде до неплатени одмори поради намалувањето на буџетот на Пентагон.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП