26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛетонија примена во еврозоната

Летонија примена во еврозоната

euro1

Министрите за финансии од земјите членки на ЕУ вчера го одобрија влезот на Летонија во еврозоната и го одредија курсот од 0,702804 лети за едно евро.

„Банкнотите и кованиците евра ќе бидат издадени во Летонија од 1 јануари 2014 година“, се наведува во соопштението на министрите.

Министрите претходно ги отфрлија наводите дека дополнителното проширување на еврозоната ќе биде проблематично во време на финансиската криза во Грција и Португалија.

Ирскиот министер за финансии Мајкл Нунан изјави дека преминот на Летонија кон еврото и влезот на Хрватска во ЕУ е „апсолутно прекрасно“ кога се има во предвид дека на решавањето на кризата се работи од ден во ден.

Дојче Веле наведува дека повеќето Летонци не се за преминот кон еврото и дека владата на оваа земја вложува големи напори за да ја привлече јавноста да ја поддржи оваа идеја.

Последната анкета покажа дека 38 проценти од граѓаните на оваа балтичка земја го поддржува воведувањето на еврото, што е зголемување за осум проценти во однос на почетокот на година.

Повеќето се свесни дека цените во другите земји се зголемија кога тие преминаа на еврото, и поради тоа стравуваат дека истото ќе им се случи и на нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП