27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтудиска Програма во Канада организирана од Македонија 2025

Студиска Програма во Канада организирана од Македонија 2025

makedonija2025

Македонија 2025 со огромно задоволство го најавува почетокот на Студиската Програма во Торонто, Канада.

Македонска делегација составена од извршни директори и претставници на македонскиот бизнис сектор, предводена од г. Зоран Мартиновски, Член на Одборот на Директори на Македонија 2025, од 8 до 20 јули ќе има можност да посети голем број канадски компании, како и да ги слуша предавањата за извршни директори на Шулих Школата за Бизнис во Торонто, една од десетте најдобри школи за бизнис во светот.

Македонија 2025 ги покрива школарините на шест македонски извршни директори, кои ќе следат курсеви чии предавачи се експерти од меѓународната бизнис сцена. Заедно со останатиот дел од македонската делегација, ќе имаат можност да посетат неколку канадски компании: Сириус Икс-Ем Канада, Бомбардиер, Телус Интернешнeл, Магна, Мајкрософт Канада итн. За време на посетите на компаниите присутните ќе имаат можност да се запознаат со претставници на врвниот менаџмент и да се запознаат со начинот на работа на големите западни компании.

Во меѓувреме претставниците на делегацијата ќе имаат можност да учествуваат на многу бизнис настани, чија главна цел ќе биде остварување на бизнис контакти и поврзување со претставници на дијаспората во Канада како и запознавање со потенцијални инвеститори од Канада. Македонија 2025 како дел од Програмата организира и Коктел на кој ќе учествуваат претставници од Одборот на Директори на Македонија 2025 и голем број угледни бизнисмени од регионот.

Македонија 2025 искрено се надева дека оваа можност која им е дадена на македонските претставници ќе им овозможи да воспостават значителни бизнс врски и да се стекнат со меѓународно знаење кое подоцна истите ќе го пренесуваат на своите соработници и колеги, и со тоа ќе се создаваат лидери кои успешно ќе ја водат земјата и ќе придонесат за побрз економски раст и развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП