26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродолжен рокот за продажба на Hypo

Продолжен рокот за продажба на Hypo

hypo1

Европската комисија на „Hypo Group Alpe-Adria Bank“ ќе и даде повеќе време за продажба на својата „ќерка“ на западен Балкан.

„Господинот Жоакин Алмуниа разбира дека на „Hypo Alpe-Adria Bank“ и треба повеќе време за продажба на југозападните европски групации“, рече гувернерот Питер Каисер веднаш по договорот со европскиот комесар за економски и монетарни прашања.

Ако комесарот до неодамна тврдеше дека банките на западниот Балкан треба да се продадат уште оваа година, сега новиот рок е до 2015 година. Станува збор за 260 експозитури и 4.600 работни места во Словенија, Хрватска, БиХ, Србија и Црна Гора. Заедничката вредност на тие банки е околу 1,5 милијарди евра, но моментално никој не сака да ги купи по таа цена.

Австрискиот дел, најмалиот дел од банкарските групи, неодамна го купи британскиот државјанин со индиско потекло Сањева Канори за 65,5 милиони евра.

За наследникот на Готвалд Крејнбитер, кој даде оставка пред неколку дена, се шпекулира, а службено сеуште ништо не се знае.

Министерката за финансии Марија Фектер најпрво на тоа место го гледа некогашниот шеф на Виенската берза Стефан Запотоцки, но него го гони обвинителството. Други пак, на тоа место го гледаат шефот на државната банка за финансирање на инфраструктурата „Kommunalkredit“, Алоис Стеинбихлер, но од тоа место тешко ќе го ослободат. Третата комбинација е бившата директорка на „Erste Bank“ Елизабет Блејлебен-Корен, која во 2010 година замина во пензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП