1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо мај годинава издадени 209 одобренија за градење

Во мај годинава издадени 209 одобренија за градење

gradeznistvo

Во мај годинава се издадени 209 одобренија за градење што е за 14,7 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година. Вредностa на објектите изнесува 1,739 милијарди денари што е за 24,2 отсто помалку во однос на истиот месец лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, од вкупниот број издадени одобренија за градење, 168 или 80,4 проценти се наменети за објекти од високоградба, 23, односно 11 отсто за објекти од нискоградба и 18 или 8,6 проценти за објекти за реконструкција.

Од вкупно 209 објекти, на 162 (77,5 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 47 објекти (22,5 отсто) инвеститори се деловни субјекти. Предвидена е изградба на 354 станови, со вкупна корисна површина од 35.050 метри квадратни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП