26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонски рецепт за деловен успех

Јапонски рецепт за деловен успех

Јапонците отсекогаш биле највредните луѓе на планетата. Во што е тајната на нивниот успех? Тајната на успехот не е само во совршената организација на време и работа, туку и на дисциплината и беспрекорното уредување на работниот простор.

Јапонците својата канцеларија и работен простор го доведуваат до совршенство, постигнувајќи го тоа со принципот “5 С”, односно на нивниот јазик пет акции кои започнуваат на буквата С. Почитувајќи ја оваа источна филозофија под називот КАИЗЕН, тие помалку се занимаваат со небитните работи и целата енергија ја насочуваат кон работата. Погледнете како Јапонците го избегнуваат стресот и притоа се попродуктивни:

СЕИРИ – дефинирање

Овој принцип подразбира поделба на работниот материјал на неопходен, итен и непотребен. Се што ви е неопходно ставете во зелена кутија, се што е итно во црвена, а тоа што е непотребно исфрлете го.

СЕИТОН – уредување

СЕИТОН пред се значи правилно сместување на работниот материјал, за да работите брзо и ефикасно. Се што ви е неопходно нека биде во ваша близина, а материјалот кој го користите привремено уредно ставете го во плакар.

СЕИСО – чистење

Целта е да создадете амбиент без прашина и нечистотија. Со тоа ќе си овозможите да се чувствувате пријатно во својот работен простор, но ќе работите и поефикасно.

СЕИКЕТСУ- контрола

Многу е важно два пати да го проверите тоа што сте го изработиле. Можеби ќе ви одземе некоја минута, но ќе знаете дека сте ја завршиле работата како што треба. На овој начин ќе постигнете подобри резултати.

СИТУСУКЕ – дисциплина

Последно С ја претставува дисциплината, односно тренинг на кој сите вработени треба да се придржуваат кон наведените правила. На овој начин се создаваат работни навики и сите вработени работат како еден тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП