26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSAS купува 12 авиони од Airbus

SAS купува 12 авиони од Airbus

airbus2

Шведскиот авиопревозник „SAS“ нарача 12 авиони од „Airbus“, односно осум од типот А350-900 и четири од типот А330-300, за цена од 2,5 милијарди евра.

Според условите на Меморандумот за разбирање, испораката на авионите А330 ќе започне во 2015 година, додека авионите од типот А350 ќе бидат испорачани во 2018 година, пренесува агенцијата Франс Прес.

Во соопштението на „SAS“ се наведува дека е договорена и можноста за купување на уште шест авиони од типот А350-900 и реновирање на патничките кабини на седум авиони од типот А330/А340.

„Со оваа нарачка ќе ја зајакнеме нашата конкурентност и ќе ја подобриме понудата. Покрај тоа, во состојба сме значитело да ја намалиме потрошувачката на гориво, со што ќе ги намалиме трошоците и ќе допринесеме за исполнување на нашите цели за намалувањето на емисијата на штетни гасови“, изјави извршниот директор на „SAS“, Рикард Густафсон.

Оваа авиокомпанија, која во изминатите пет години бележеше загуба, во моментов се наоѓа во процес на реструктуирање.

Актуелната флота на „SAS“ се состои од 19 авиони од „Airbus“ и 74 од „Boeing“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП