27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис средба за вмрежување на членките од различни комори

Бизнис средба за вмрежување на членките од различни комори

100973920

Услужната Комора при Сојуз на стопански комори и ПроКредит Банка денеска организираат бизнис средба со цел вмрежување на членките од различните комори. Околу 150 претпријатија, членки на коморите од различни сектори: трговија, хотелиерство, транспорт, услуги, од цела Македонија на едно место ќе можат да се запознаат и да остварат бизнис контакти.

Услужната Комора при ССК и ПроКредит Банка, имаат заедничка цел – унапредување и развој на претпријатијата. Унапредување на бизнисот во Македонија воедно значи ширење на бизнис контактите, со цел да се склучат нови бизнис партнерства.

На бизнис средбата ќе присуствува раководството на СКК, претставниците од ПроКредит Банка и 150 сопственици на македонски компании од малиот и среден бизнис сегмент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП