27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзмени во одредувањето на меѓубанкарската каматна стапка Либор

Измени во одредувањето на меѓубанкарската каматна стапка Либор

libor1

Здружението на британски банки „BBA“ најави измени во одредувањето на лондонската меѓубанкарска каматна стапка Либор.

Целта е да се избегне повторувањето на скандалот од минатата година.

Во соопштението „BBA“ наведува дека публикацијата на индивидуалните предлози на банките за Либор ќе биде под ембарго три месеци, како дел од напорите да се избегне манипулацијата со таа каматна стапка, пренесува Франс прес.

Ваквите измени на сила ќе стапат на 1 јули.

Во септември минатата година, британската влада објави извештај, во кој „BBA“ се советуа после три месеци сама да објави предлози за да ја намали можноста на манипулација од страна на предлагачите.

„Враќањето на довербата во Либор како сигурна каматна стапка е апсолутен приоритет за „BBA“, а заедно со регулаторните власти и влада работиме на спроведување на неопходните реформи“, изјави извршниот директор на „BBA“, Ентони Браун.

Либор се пресметува секојдневно, со користење на проценките на банките за нивните сопствени меѓубанкарски стапки.

Меѓутоа, се покажа дека таквиот систем е погоден за злоупотреба, па така, поединечни трговци лажеа во врска со трошоците на задолжување, со цел да ја подобрат својата трговска позиција и да ја направат својата банка побезбедна.

Скандалот околу Либор изби минатата година, кога британската банка „Барклиз“ беше казнета со 363 милиони евра поради манипулација со каматните стапки Еурибор и Либор во периодот меѓу 2005 и 2009 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП