26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИзборот за „Светски автомобил на годината“ во знакот на SUV доминацијата

Изборот за „Светски автомобил на годината“ во знакот на SUV доминацијата

Во најтесниот избор на кандидати за престижната титула „најдобар автомобили во светот за 2018-та“ се најдоа дури три „SUV“ модели.

За титулата „Светски автомобил на годината“ (World Car of the Year) ќе се натпреваруваат:

Mazda CX-5,

Range Rover Velar,

Volvo XC60.

Имињата на финалистите беа соопштени на актуелниот саем за автомобили во Женева, а победникот ќе биде познат на 28-ми март на саемот во Њујорк.

Потсетуваме, на почетокот на оваа недела, прет отворањето на женевскиот авто-саем, беше прогласен „Европскиот автомобил за годината“. Титулата му припадна исто така на едно „SUV“ возило – победник беше „Volvo XC40“.

Инаку, во Њујорк ќе биде ќе бидат прогласени победници и во уште неколку категории.

За „најлуксузен автомобил“ за годината во светот конкурираат: „Audi A8“, „Porsche Cayenne“ и „Porsche Panamera“.

Во потесниот круг за „најдобриот спортски автомобил“ за титулата ќе се „борат“: „BMW M5“, „Honda Civic Type R“ и „Lexus LC 500“.

Во категоријата „најдобар градски автомобил“ во оваа година финалисти се: „Ford Fiesta“, „Suzuki Swift“ и „Volkswagen Polo“.

За титулата „најзелен“ автомобил во светот ќе се натпреваруваат: „plug-in hibrid BMW 530e iPerformance“, „Chrysler Pacifica Hybrid“ и електричниот „Nissan Leaf“.

Во последната категорија, во која се доделува титулата за „најдобро дизајниран автомобил“ во 2018-та, финалисти се: „Lexus LC 500“, „Range Rover Velar“ и „Volvo XC60“.

За победниците ќе одлучува стручно жири од 82 членови, а имињата на наградените ќе бидат познати на 28-ми март.

Најдобриот автомобил во светот за 2017-та исто така беше еден „SUV“ – „Jaguar F-Pace“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП