26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовата прогноза на Rovio ја намали цената на акциите за 45%

Новата прогноза на Rovio ја намали цената на акциите за 45%

Создавачот на играта „Angry Bird“ – „Rovio Entertainment“, предупреди дека ќе генерира слаб профит, што доведе до бришење на над 40% од вредноста на акциите на финската компанија, a инвеститорите ќе треба да претрпат големи загуби како минатиот септември, пренесува „Ројтерс“.

„Rovio“ ги обвини повисоките маркетинг трошоци и другите инвестиции за своите лоши прогнози. Акциите на компанијата се тргуваа со 45% пониска цена од 5,5 евра веднаш по објавувањето на веста. Нивната вредност е помалку од половина од цената на ИПО-то – 11,50 евра.

„Оваа прогноза дури не е блиску до растот, за кој говоревме претходно“, коментира фонд менаџер кој поседува акции од „Rovio“, кој побарал анонимност.

Тоа е последователено разочарување за инвеститорите, откако цената на акциите на „Rovio“ се намали за околу 20% по првиот извештај на компанијата како јавна компанија во ноември.

Денес компанијата предвидува оперативна маргина од 9-11% за 2018-та година во однос на 10,6% за 2017-та година. Покрај тоа, велат дека очекуваат нејзините приходи од продажбата да бидат меѓу 260 и 300 милиони долари, откако минатата година достигнаа 297 милиони долари. Овие податоци се под очекувањата на аналитичарите за маргината од 14,5% кај приходи за 336 милиони долари, покажуваат податоците на „Thomson Reuters“.

По ИПО-то во септември главниот извршен директор Кати Леворанта изјави дека „пазарот на мобилни игри се очекува да расте побрзо и дека се позиционирани така што да ќе го искористат овој раст“.

„Rovio“ уживаше огромен раст откако ја објави својата оргинална игра „Angry Birdѕ“ во 2009-та година. Подоцна сепак генерираше оперативна загуба и во 2015-та година скрати една третина од вработените поради тешката конкуренција на пазарот.

Во 2016-та година „Rovio“ забележа раст со помош на филмот „Angry Birds“, проследен со ИПО-то кое ја оцени на 1 милијарда долари.

Денес „Rovio“ објави дека очекува да користи околу 30% од приходите од игри, за да привлече нови корисници во 2018-та година, додавајќи дека трошоците за корисник пораснаа значително на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП