26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung смести SSD oд 30TB во куќиште од 6,4 cm

Samsung смести SSD oд 30TB во куќиште од 6,4 cm

Компанијата „Samsung“ произведе 2.5-инчен „SSD“ наречен „PM1643“ со капацитет од 30.72TB. Уредот исто така вклучува и 40GB DDR4 RAM.

Новиот уред има девет „flash“ контролори кои го стартуваат 32 NAND flash пакетот од по еден терабајт.

Секој пакет содржи 16 слоеви „V-NAND“ мемориски чипови од по 512Gb, со три бита по ќелија, пренесува „Ars Technica“.

„RAM“-от исто така доаѓа со необична форма – чипови од 8Gb поставени вертикално по пат на „Through Silicon Vias“ (TSVs) технологијата, а доаѓа во вид на 10 пакети од по 4Gb.

Новиот „SSD“ користи 12Gb/s Serial Attached SCSI интерфејс. „Samsung“ тврди дека може да достигне брзина на читање на податоците од 2.100 MB/s и брзина на запишувење на податоците од 1,700MB/s.

Се уште нема информации за цената и достапноста на овој уред. „Samsung“ неведува дека производството ќе започне во јануари, и покрај единицата од 30TB, ќе биде достапен и во верзии од 15,36TB, 7,68TB, 3,84TB, 1,92TB, 960GB и 800GB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП