27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСопственикот на Милан е пред банкрот?

Сопственикот на Милан е пред банкрот?

Банкнотираше сопственикот на Милан Ли Јонгхонг! Оваа вест ја објави еден од најреномираните италијански изданија „Corriere della Sera“.

Во веста пишува дека бизнисменот е на прагот на неизбежен банкрот и во неговата татковина Кина веќе започнаа распродажба на неговите средствата. Наскоро тие ќе бидат објавени во азиската верзија на „eBay“ – „Taobao“.

Ли има сериозни обврски кон две банки, а кинеските власти истражуваат една од неговите компани, за тоа дека два месеци го прикрива банкрот.

Ли го купи Милан од Силвио Берлускони минатата година за 740 милиони евра. За договорот тој повлече кредит од американскиот хеџ фонд „Elliott Management“, кој треба да биде исчистен до крајот на летото.

Италијанските медиуми објавија дека Ли го рефинансира заемот, но оваа информација не е потврдена. Во текот на летото од „Сан Сиро“ дадоа над 200 милиони евра за нови фудбалери и тие мораа да се вратат преку пласман во Лигата на шампиони.

Сепак, серијата на слаби резултати во есента ја претвори целта во речиси невозможна, а потоа започнаа проблемите. Поранешниот извршен директор на „росонерите“, Адријано Галиани, рече дека Ли ги продал сите потребни документи за финансиска стабилност при продажбата на клубот.

„Не знам што се случува во Кина, но имаше три главни фактори со кои докажа дека има средства. Доставија банкарска гаранција кон Фудбалската федерација, во фондот имаше над 300 милиони евра и потоа даде многу пари за селекција“, додаде Галијани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП