26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПет животни лекции кои ги научиле сите успешни жени

Пет животни лекции кои ги научиле сите успешни жени

Секоја успешна жена морала да пројде низ различни фази од животот. Иако денес се синоним за богата кариера и богаство, зад се што денес гледаме се кријат и многу тешки и одлучувачки моменти.

За сите овие дами заединичко е тоа дека на патот кон успехот научиле неколку животни лекции, кои ви ги откриваме во продолжение.

1. Никогаш нема да бидете доволно подготвени

„Жените мора да се оттргнат од размислувањето дека не се подготвени да направат нешто и потребно е да размислуваат дека сакаат да направат нешто а притоа и нешто да научат“ – Шерил Сандберг.

2. Секогаш ќе нидувате на препреки и предизвици

„Предизвиците се подароци кои не тераат да бараме ново средиште на гравитацијата. Немојте да се борите со нив. Само пронајдете нов начин да стоите“ – Опра Винфри.

3. Нема секогаш се да се сложува со вашата визија

„На луѓето им е тешко да сфатат сериозно некој кој никогаш не направил нешто. Но мене тоа ми даде ветер во грбот да се помрднам нанапред“ – Џесика

4. Да доживеете неуспех е сосема во ред

„Реалноста е дека понекогаш ќе доживувате и неуспех. Вие никогаш не сте предобри да губите. Никогаш не сте преголеми да губите. Никогаш не сте препаметни да губите. Тоа едноставно се случува“ – Бијонсе.

5. Не дозволувајте му на стравот да ве запира

„Умеењето да не се плашите е како мускул. Од својот сопствен живот знам дека колку повеќе вежбам, толку поприродно е да не дозволувам моите стравови да ме водат“ Ариана Хуфингтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП