1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОбјавени се податоците за продажбата на смартфонот Google Pixel

Објавени се податоците за продажбата на смартфонот Google Pixel

Откако беше претставен во октомври 2016-та, смартфонот „Google Pixel“ веќе најде свое место на пазарот на паметни телефони.

Во последниот извештај за продажбата на телефонот се наведува дека „Google“ има продадено 3,9 милиони примероци од моделите „Pixel“ и „Pixel 2“ во 2017-та година.

Тоа е само малку помалку од една продажна недела на „iPhone“, но иако бројката е релативномала, продажбата на „Google Pixel“ се движи во вистинска насока.

Најновите податоци на компанијата „Kantar Worldpanel“ покажуваат дека телефоните на „Google“ бележат раст во САД од 1.8 нa 2.8 oтсто на пазарот.

Бројките се зголемуваат во мали фрагменти, но финансиските експерти велат дека пред се е потребно трпение, како и дека обврската на „Google“ да биде производител на хардвер никогаш не била поголема.

Имено, компанијата неодамна го купи тимот на „HTC“ за дизајн на паметни телефони за 1,1 милијарди долари, а атрактивноста на серијата „Pixel“ ќе се подобри во годините кои доаѓаат, поради што не треба да бидат потценети на пазарот на мобилни телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП