26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOмилениот музички плеер е повторно меѓу нас

Oмилениот музички плеер е повторно меѓу нас

Сите кои пораснаа во времето на почетокот на Интернетот, односно тогаш кога мрежата започна да го доживува својот прв „бум“, не можеа а да не го користат „Winamp“, еден од најпопуларните и најомилените музичкии плеери на кој и денеска со носталгија се потсетуваме.

„Winamp“ од неодамна, повторно стана достапен, овој пат како емулатор кој може да се стартува од било кој актуелен интернет прелистувач.

Корисниците можат да си „играат“ со промена на различни „скинови“, така што ќе ги менуваат во прозорецот на прелистувачот или ќе ги додаваат на ист начин, како и „mp3“ фајловите – доколку се уште ги имате.

Новиот „Winamp“ изгледа и функционира како и оргиналниот, а единствено му недостасува додатокот за визуелни ефекти „Milkdrop 2.0“, кои ја следеа музиката пуштена во „Winamp“.

Автор на овој емулатор е програмерот од Сан Франциско, Џордан Елдриџ.

Музичкиот плеер „Winamp“ престана да добива ажурирања и нови верзии во 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП