27 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 10-11.02.2018

Викенд хороскоп 10-11.02.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ви доаѓа прилика за успех на деловен план. Потрудете се да им се посветите на обврските. Време е за искрен разговор со вашиот партнер.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе ве фати нервоза, бидејќи не гледате напредок на деловниот план. Од партнерот ќе добиете големо внимание па така лесно ќе го пребродите кризниот период.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можно е дека ќе успеете да дојдете до пресврт на љубовен план. Горди сте на се што сте постигнале. Во љубовта подготвени сте за нови случувања.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Подготвени сте за нови деловни потфати. Се чувствувате гордо и имате голема самодоверба. Некоја нова љубовна понуда многу ќе ви се допадне.

 

Лав (23.07 – 22.08)

На работното место нема да ви се остварат баш сите желби, но не се разочарувајте. Во љубовта пред вас е нова етапа која на слободните ќе им донесе нов партнер, а на оние во врска или брак можност за следен посмел чекор.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Можно е некои работи да не се онака како што посакувате, но тоа не е причина за очајување. Потребно е да поработите на себе за да дојдете со емотивна среќа.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Викендов нема да ви биде претерано поволен за работа, па затоа искористете го за прошетки. Оние кои се слободни ќе имаат одлична прилика да запознаат совршено лице.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ве очекуваат многу позитивни и добри случувања во деловното опкружување. Можете да се надевате на убави вести. Уживате во позитивниот однос со саканото лице. Покрај тоа што сте љубовници, имате и искрен пријателски однос.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во контактот со околината можете да имате мали недоразбирања. Сепак, не би требало да постојат некои критични случувања. Ќе ви се случи некое ново познанство.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Подготвени сте да започнете некоја нова работа која одамна ви е предизвик. Во љубовта ве очекува некоја промена на подобро, потрудете се и вие да дадете се од себе.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Викендот не е поволен за финансиски трансакции, ниту за ризици на ова поле. Оние кои се слободни ги очекува ново познанство. Случувањата од минатото ќе ве убедат да бидете подобар човек.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекуваат нови деловни понуди. Можете да се надевате на поволна прилика да остварите заработка. Комуникацијата е клуч за решавање на моменталните љубовни проблеми кои ве мачат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП