27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАCV - Oбразованието на последно, а искуството на прво место

CV – Oбразованието на последно, а искуството на прво место

Сакате работодавачите да ве примат на работа? Податоците за образованието ставете ги при крајот, а работното искуство на првото место во биографијата.

Оваа стратегија е најдобра во условите на денешната економија и ќе ја направи вашата биографија поефективна. Еве неколку причини зошто е тоа така:

1. Вие сте повеќе од диплома

Ако биографијата ја започнувате со образованието, го жртвувате највпечатливиот дел од документот за најмалку интересниот дел од вашата биографија. Во тој момент работодавачот ја гледа првата страна на вашата биографија и мисли: „ОК, а што знаеш да работиш?“.

Во денешно време вештините се посебно важни и тоа е она што навистина „се важи“. Не е важно дали сте завршиле факултет или средно училиште. Вештините се најважни. Тоа е она што работодавачот го бара и биографијата искористете ја за да му ги дадете тие информации што побрзо и подобро.

Вистински предизвик, во морето од биографии на различни кандидати, да се увери работодавачот дека вие сте таа личност која може да даде конкретен придонес. За да успеете во тоа, морате да наведете и да ги потврдите фактите за конкретната вештина која ја поседувате.

2. Започнете со најдобрите информации

Во новинарството тоа се вика „вовед“. Воведот во вашата биографија е моменталното работно место и најважната должност или постигнувања кои сте ги постигнале на тоа работно место (односно, вашата последна работа, доколку моментално сте без работа).

Дозволете вашето искуство, а не вашата диплома, да ве опише. Шефовите не ги интересира тоа од каде дошле тие вештини, туку доказ дека ги поседувате.

Ако работодавачот мора детелно да ја чита биографијата за да најде во неа (добро сокриени) информации кои му се најважни, тоа значи дека сте ја пропуштиле шансата за добар вовед. Не грижете се. Работодавачот ќе ги прочите податоците за образованието на крајот на биографијата. Знајте дека дипломата само по себе нема да направи разлика. Имено, денес многу луѓе можат да се пофалат со квалитетно образование.

3. Дали знаете што уште можат да истакнат мал број на луѓе? Разновидноста на своите таленти.

Поради тоа секогаш е најдобро да го ставите работното искуство на првото место во биографијата. На пазарот на трудот вашите вештини се најголемата вредност која ја поседувате. Со вашите постигнувања, вештините се тие кои можат да ви осигураат работа. Дипломата сама по себе – не.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП