26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏеко и Емерсон се поблиску до Челзи

Џеко и Емерсон се поблиску до Челзи

Фудбалерите на Рома Един Џеко и Емерсон Палмиери дале согласност да преминат во Челзи и сега сето тоа зависи од преговорите меѓу двата клуба, откри „Sky Sport Italia“.

Веројатноста двојната зделка да се случи е многу голема. Од „Стемфорд Бриџ“ излегле со понуда во вредност од 50 милиони евра, но од Рома побарале минимум 65 милиони. Последните информации сепак покажуваат дека „волците“ би се согласиле и на варијанта од 50 милиони плус уште 10 милиони во форма на бонуси. Рома сепак веќе не е заинтересирана за Мичи Батшуај кого од Челзи беа подготвени да испратат на позајмица на „Олимпико“.

Претходно вчера личниот агент на Џеко – Ирфан Реџепагич изјави дека босанскиот репрезентативец сака да остане во Рома. Тој, сепак, призна дека менаџерот на Челзи, Антонио Конте многу го посакува напаѓачот.

Џеко има искуство во Англија од неговиот престој во Манчестер Сити помеѓу 2011-та и 2015-та година. Тој играше 130 натпревари и постигна 50 гола во Премиерлигата, а потоа замина за Рома.

Бразилецот Емерсон одигра само 15 минути во Серијата А за време на оваа сезоната, бидејќи долго време бил повреден. Тој е лев бек, а Конте сака да ја зголеми конкуренцијата на оваа позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП