26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari го подготвува својот најмоќен модел со V8 мотор

Ferrari го подготвува својот најмоќен модел со V8 мотор

Компанијата „Ferrari“ подготвува „надуена“ модификација на суперавтомобилот „488 GTB“, која ќе го добие традиционалното име „GTO“ (Gran Turismo Omologata). Моделот ќе стане најмоќниот граѓански автомобил во историјата на брендот, опремен со V8 мотор, соопштува сајтот „FerrariPhotoPage“.

Новиот автомобил ќе добие модернизирана варијанта на моторот кој се користи во натпреварувачките модификации „Ferrari 488 Challenge“. Тоа е 3,9-литарски V8 со турбо кој ќе може да развие 700 КС. Ќе се комбинира со 7-степен автоматски менувач и редизајниран систем за управување.

Во исто време, автомобилот ќе тежи околу 10% помалку од стандардната „488 GTB“. За конструкцијата на идниот „GTO“ ќе биде користен карбон, од кој ќе бидат направени капакот, двата браници, задниот спојлер, како и голем дел од кабината. Благодарение на новите елементи на телото, аеродинамиката на автомобилот ќе се подобри за 20%.

Сега, покрај стандардните „488 GTB“ и „488 Spider Roadster“, постојат и три тркачки верзии на „GT3“ и „GTE“, како и „488 Challenge“. Имено последната имаше најголемо влијание врз развојот на идниот „GTO“, кој, според гласините, ќе биде дури и побрз од хибридот „LaFerrari“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП