27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Bank of America е преполовен поради отписот за данок

Профитот на Bank of America е преполовен поради отписот за данок

Кварталната добивка на „Bank of America“ се намали за речиси половина поради отписот за данок. Сепак нето профит без овие ефекти ги надмина очекувањата, а менаџментот вети дека новиот даночен систем во САД на крајот ќе има корист за акционерите, пренесува „Ројтерс“.

Даночната реформа „удри“ на профитот на „Wall Street“ во овој квартал, бидејќи доверителите преземат еднократни надоместоци поради меѓународниот профит и ги отпишуваат одложено даночните средства, за да влијаат на пониската корпоративна стапка.

Акциите на банката паднаа за 2% во утринското тргување. Тие поскапеа за речиси 16% во последните три месеци, водејќи го најпрофитабилниот сектор, чиј пораст главно се должи на очекувањата кон даночниот законик.

Инвеститорите очекуваат потенцијалните придобивки од пониските даночни стапки да се претворат во повисоки дивиденди и повеќе откупувања. Покрај тоа, тие ги следат за секундарни ефекти од реформата, на пример посилно кредитирање, трговија и активност со зделки што ќе го зголеми профитот на банките.

Главниот извршен директор на „Bank of America“, Брајан Моинихан рече дека некои штедења поради даноците ќе бидат насочени кон технолошки инвестиции, но повеќето ќе бидат распределени меѓу инвеститорите.

„Поголемиот дел од придобивките ќе бидат додадени на профитот и ќе бидат искористени за враќање кон инвеститорите“, рече тој.

Доверителот очекува ефективната даночна стапка оваа година да биде околу 20%, што е за 9 процентни поени помалку од 2017-та година.

Втората по големина банка по актива забележа отпишување од 2,9 милијарди долари, поврзано со даночната реформа, што ја намали нето добивката до 2,37 милијарди долари.

Без овој еднократен ефект сепак добивката изнесува 5,3 милијарди долари, или 47 центи по акција. Според „Thomson Reuters“, без отпишувањето и други еднократни ефекти, компанијата има заработено 48 центи по акција, што е над прогнозите на аналитичарите за 44 центи.

Приходите на три од четирите основни бизнис на банката се зголемени, што ги зголемени вкупните приходи со околу 2% до 20,69 милијарди долари. Бескаматните трошоците се намалија за 1%.

Банката се тргува со пониска оценка во однос на некои свои конкуренти, а на враќање за кварталот од акциите е 7,8% во однос на 8,1% на крајот на третиот квартал и под 10-те проценти теоретска вредност на капиталот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП