26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЊујорк – омилениот град на инвеститорите

Њујорк – омилениот град на инвеститорите

njujork1

Омилениот град на странските инвеститори е Њујорк, потоа следат Шангај и Лондон, покажуваат резултатите од најновото истражување на агенцијата „Opinion way“

На четвртото место на листата за најатрактивни градови за инвестирање е Париз, кој оваа година напредуваше на ранг листата за две места.

На петтото место е уште еден европски град – Франкфурт во Германија.

Главни критериуми при составувањето на оваа листа се политичката стабилност и правната безбедност, економскиот раст и пласманот на светскиот пазар. Она што во последно време е многу ценето е расположливоста на квалификуваната работна сила, како и квалитетот на образованието.

Главниот град на Франција особено напредуваше во поглед на политичката стабилност, како и во поглед на пласманот на робата на светскиот пазар.

Странските инвеститори, сепак, изразија скептицизам во однос на капацитетот за брзо закрепнување на француската економија и воздржаност кога станува збор за даночната политика и висината на платите на вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП