26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH&M планира да затвори продавници поради слабата продажба во кварталот

H&M планира да затвори продавници поради слабата продажба во кварталот

Шведската модна компанија „H&M“ планира да затвори уште физички продавници и да се насочи кон онлајн продажбата, откако претстави послаби од очекуваните резултати за четвртиот финансиски квартал, објави компанијата во своето соопштение.

Продажбата за периодот септември-ноември се намалила за 4%, или за 2% во локална валута, до 50,4 милијарди круни (5,96 милијарди долари) во споредба со истото тримесечје од 2016-та година. Извештајот, вклучувајќи ги годишните резултати од компанијата ќе бидат објавени на 31-ви јануари 2018-та година.

„H&M“ забележа најсилен пад на тримесечните продажби од најмалку над децении во петокот, откако помалку клиенти ги посетиле нејзините продавници. Акциите забележаа пад од повеќе од 13 отсто, најлошиот дневен пад за 16 години.

Според компанијата групата продолжува да расте како целина во текот на годината, но растот бил ограничен од продажбата во последните три месеци, кои биле доста под очекувањата на „H&M“.

Онлајн продажбата и продажбата на други „H&М“ брендови се покажаа добро. „Кварталот беше слаб поради физичките продавници на самиот бренд „H&M“, кои беа негативно погодени од слабиот сообраќај во продавниците и тековните промени во индустријата“, коментираат од компанијата.

Во последниве месеци се забележани силни промени во однесувањето и преференциите на потрошувачите, што силно ја отежнува индустријата. Во средата сопственикот на „Zara“, „Inditex“ исто објави послаба продажба за последното тримесечје, која делумно се должи на потоплото време во есенската сезона.

Како одговор на предизвиците, „H&M“ планира да ги забрза промените кои веќе биле направени на компанијата. „Ова вклучува континуирано интегрирање на физичките и дигиталните продавници и зајакнување оптимизирање на продавниците на брендот „H&M“ – што ќе доведе до повеќе затворени и помалку отворени“ продавници, коментираат од шведскиот моден гигнт.

Во исто време „H&M“ најави дека ќе ја зајакне соработката со кинескиот гигант во онлајн трговија „Alibaba“. Брендот на групата „Monki“ веќе има силно присуство во Кина, откако беше претставен пред извесно време во платформата на „Alibaba“, „Tmall“. Сега двете компании го продолжуваат партнерството, пана платформата ќе бидат воведени и брендовите „H&M“ и „H&M Home“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП