27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСпортска Škoda Fabia Limited Edition со 125 „коња“ (фото)

Спортска Škoda Fabia Limited Edition со 125 „коња“ (фото)

Чешкиот производител ги објави техничките податоци и фотографии од спортската верзија на својот поткомпактен хечбек.

Наместо новата „RS“ верзија, „Škoda“ на купувачите им понуди ограничена верзија на моделот „Fabia“, во боите кои се карактеристични за рели верзијата на овој автомобил.

„Fabia Limited Edition“ е заснована на пакетот на опрема „Monte Karlo“, а ќе биде достапна во „Candy White“ бела каросерија, со контрастен црн покрив и специјални 17 инчни бандажи, кои може да се нарачаат во светло зелена боја (како на фотографиите), како и во бела и црна опција.

Под хаубата се наоѓа 1.4-литарски TSI бензинец со 125 ks. Поврзан со седумстепен „DSG“ менувач со двојно квачило, моторот овозможува оваа „Fabia“ до „стотка“ да стигне за 8,8 секунди и да развие 203 km/h.

Aвтомобилот има спортска суспензија со адаптивни амортизери и подобрен издувен систем.

Во недостаток на фотографии од внатрешноста, „Škoda“ соопшти дека „Fabia Limited Edition“ стандардно ќе има специјални спортски седишта и спортски волан, навигација „Amundsen“, автоматски клима уред, греење на преднтите седишта, задна камера, задни паркинг сензори, автоматски фарови и брисачи, адаптивен темпомат и бесконтактно отклучување на возилото и стартување на моторот

„Fabia Limited Edition“ ќе пристигне на европскиот пазар во февруари 2018-та, а ќе бидат изработени само 1.300 примероци по засега непозната цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП