27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДоговорот со Disney ја проценува Fox на над 75 милијарди долари

Договорот со Disney ја проценува Fox на над 75 милијарди долари

Трансакцијата, при која „Walt Disney“ ќе се здоби со средства на „Twenty-First Century Fox“, ќе ја оцени компанијата на Руперт Мардок на над 40 долари по акција, или 75 милијарди долари, информира „Fortune“, повикувајќи се на запознаен извор.

Зделката, која се очекува да биде објавена денеска, ќе стави крај на повеќе од еден век експанзија на бизнисот на Мардок, кој стана сопственик на еден австралиски весник, наследен од татко му, кога имал 21 година, претворајќи го во еден од највлијателните светски новински и филмски конгломерати.

Според условите на договорот, кој ќе биде склучена целосно во акции, активата на „Fox“, кои ќе бидат продадени на „Disney“, меѓу кои филмското и телевизиското студио, кабелските мрежи и меѓународни активности, ќе биде прифатена на околу 29 долари за акција, според истиот извор.

Преостанатите средства на „Fox“, кои ќе бидат фокусирани во вестите и спортот, ќе им бидат понудени на сегашните акционери на „Fox“ во нова компанија која најверојатно ќе биде прифатена за повеќе од 11 долари по акција, според истиот извор, кој посакал анонимност пред официјалното соопштение.

Досега „Disney“ и „Fox“ не го коментираа договорот. Акциите на „Fox“ ја затвори вчерашната сесија по цена од 32,75 долари по акција, што и дава на компанијата пазарна капитализација од околу 60 милијарди долари.

Договорот ќе го означи враќањето на фокусот на Мардок кон бизнис вестите, што е негова страст.

Роден во Австралија, Мардок го наследува новинарскиот бизнис на својот татко во 1952-ра година и во текот на многу години ги трансформира и проширува стекнати значителни средства како „Wall Street Journal“, „London Times“ и филмското студио „20th Century Fox“.

Продажбата на имотот на Мардок изненади многумина, бидејќи се очекуваше дека ќе го остави бизнисот на неговите синови, Џејмс и Лохлан.

Ниту еден член на семејството Мардок не се очекува да добие место во одборот на директори на „Disney“.

„Disney“ има проблеми со нејзиниот телевизиски бизнис откако откажувањето на кабелските претплатници врши притисок врз нејзината најголема телевизија – спортскиот канал „ESPN“.

Зделката со „Fox“ ќе вклучи нови клучни имиња во семејството на „Disney“, откако извршниот директор Боб Ајгар пред тоа стекна компании, како „Pixar Animation Studios“, „Marvel Entertainment“ и процуденот на „Војна на ѕвездите“, „Lucasfilm“.

„Disney“, исто така, ќе го купи уделот на „Fox“ во компанијата за стриминг „Hulu“, која ќе ја обезбеди мнозинската контрола над конкурентот на „Netflix Inc“. Удели во „Hulu“ се уште имаат „Comcast Corp“ и „Time Warner Inc“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП