27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОсновачот на Инстаграм: Правилото „5 минути“ е лек за одложувањето

Основачот на Инстаграм: Правилото „5 минути“ е лек за одложувањето

Потребни ви се само 5 минути да престанете со одложувањето на своите цели. Еве како…

Пет минути не се доволно време за било што добро да сработите, нешто од големо значење. Поради тоа секој момент го користите да се фрлите на социјалните мрежи или да направите некое видео. Така размислувате?!

Меѓутоа, според Кевин Систром, основачот на Инстаграм, 5 минути се всушност доволно време да ги пребродите своите стравови и да започнете да работите на голем проект или на вашиот сон кој со години сте го одложувале.

Систром даде сосема едноставен совет до сите оние кои постојано одолговлекуваат:

„Ако нешто не сакате да работите (ве мрзи, мака ви е, тешко ви е) договорете се со себе да го работите тоа најмалку 5 минути. По 5 минути, ќе ја сработите работата до крај“.

Зошто 5 минути се доволни за да го победите одолговлекувањето?

Ова можеби звучи како премногу едноставен лек за да бидете ефикасни. Меѓутоа, Систром наведе неколку причини:

Прво, често одложувате некои работи бидејќи се плашите од неуспехот – проектот ви се чини како преголем и ве застрашува помислата дали некогаш ќе го завршите. Често ќе дигнете раце и ќе признаете пораз пред воопшто и да се обидете. Вашите најголеми цели пропаднале бидејќи сте имале страв како деца при првиот чекор. Пишувањето на роман може да звучи како надвор од вашиот домет, но секој може да издвои секојдневно 5 минути за слободно пишување.

Значи, малата петминутна обврска може да го надмине вашиот страв. Исто така може да ви покаже дека реално работата е помалку застрашувачка отколку што сте мислеле пред да ја започнете.

Започнувањето од ништо, дури и на кратко, го активира психолошкиот ефект познат како Зеигарник ефект, од кој е многу потешко да добиете незавршени задачи од вашиот мозок отколку завршени. Често правите и план со вашите задачи и ги запишувате, но го заборавате тој план. Чинот на пишување на план потсетува на ефектот Зеигарник.

Овие 5 минути на Систром одат во ваша корист. Со започнувањето на задачите, вие го терате мозокот да продолжите и да ја довршите задачата и така веројатно и ќе го завршите она што сте го започнале.

Од сите овие причини, петминутниот лек на Систром успева да биде неверојатно моќен и покрај тоа што е едноставен. Значи, следниот пат кога ќе имате 5 слободни минути, наместо да отворите Фејсбук или да прегледувате на интернет, зошто не започнете нешто од што сте се откажале?

Најлошото што може да се случи е да пропуштите 5 минути од онлајн глупостите. Најдоброто што може да се случи? Реализирање на најдобрата идеја без одолговлекување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП