27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје продаден на Сава Ре д.д. Љубљана

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје продаден на Сава Ре д.д. Љубљана

Денес официјално беше потпишан договор помеѓу НЛБ д.д. Љубљана и НЛБ Банка АД Скопје, како продавачи и компанијата Сава Ре д.д. Љубљана, како купувач на 100% од акциите во НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје.

Потпишувањето на договорот за продажба го комплетира процесот на продажбата, започнат од НЛБ д.д. Љубљана и НЛБ Банка АД Скопје на 17-ти Март, 2017 година.

За целосна реализација на договорот и финализација на самата трансакција ќе биде потребно најпрво да се добијат сите потребни законски согласности од регулаторот МАПАС и други соодветни надлежни институции.

Купувачот Сава Ре д.д. Љубљана, Словенија е компанија од областа на осигурителниот бизнис добро позната на балканските простори.

“Сепак, Република Македонија останува еден од стратешките пазари на НЛБ Групацијата. НЛБ Банка АД Скопје е една од најголемите и најзначајните банки во НЛБ Групацијата и во иднина, со понатамошен развој на бизнисот, НЛБ Групацијата уште повеќе ќе го зголеми обемот на своето работење во Република Македонија”, велат од НЛБ.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП