26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОва е главната причина поради која вработените ја напуштаат работата

Ова е главната причина поради која вработените ја напуштаат работата

Сиаран Фоли, водечки HR (human resources) експерт во Сиднеј кој работи со топ менаџмент, напиша на LinkedInd за главната причина поради кoја вработените јa напуштаат својата работа. Ви го пренесуваме текстот во целост:

„Компаниите можат да им понудат на вработените повеќе пари, обука, развој, награда за добрата работа и многу други предности. Но постои и многу подобар начин да ги задржат талентирните луѓе.

Во една анкета за платите во 2016 година поставени се прашања за професионалците од областа на човековите ресурси за тоа што ги задржува да останат кај својот работодавец.

Најголем број на одговори ја нагласувале важноста на односот со менаџерите.

Интересно е што во свет во кој секојдневно се менуваме, односот кој вработнеите го имаат со своите менаџери и понатака има најголема важност. Позната е и реченицата дека луѓето ги напуштаат своите менаџери, а не компанијата.

Силата на оваа врска и понтака е клучен фактор во задржувањето на лицата. Дали таа врска „шкрипи“ или никогаш не ни била правилно воспоставена е една од најчестите дилеми и претставува проблем за секој нов менаџер, кој мора да ја заслужи довербата на вработените и почитувањето со оглед на тоа дека заедно ќе работат.

Уште еден од проблемите е и политиката на компанијата. Луѓето силно веруваат во политиката на компанијата во која работат, што значи дека се важни сите визии, стратегии, работната етика, како и целите на компанијата.

Овие два проблеми ја нагласуваат важноста на улогата која HR ја има во задржувањето на талентираните луѓе.

Додека менаџерите мораат да бидат одговорни за своето лидерство и начинот на комуникација, HR може да ги развие овие вештини во своите лидери или идни лидери. Поради големиот број на вработени кои ги напуштаат компаниите поради лошата комуникација со менаџерите, треба да се инвестира во обука на лидерите. Најдобрите лидери ќе ги задржат најдобрите работници.

Одржувањето на политиката на компанијата е потребно за успешност на работењето. За да се воспостави политика, како што HR лидерите сметаат, со промените треба да се започне од самиот врв, бидејќи повисоките лидери покажуваат вредност и создаваат модул на однесување кои би требало да ги пренесат на останатите вработени.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП