26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLyft го зголемува обемот на финансирање во последниот круг

Lyft го зголемува обемот на финансирање во последниот круг

Најголемиот американски конкурент на „Uber“ – „Lyft“ го зголемува повторно својот актуелен круг на финансирање – сега со 500 милиони долари до вкупно 1,5 милијарди долари, пренесува „Recode“.

Но, кои се новите доверители кои се насочуваат кон „Lyft“? Инвестициската фирма „Fidelity“, која веќе е еден од големите инвеститори во „Uber“, очигледно не е импресионирана од тековните скандали во компанијата.

Кругот на финансирање во „Lyft“ предводен од инвестициската единица на „Alphabet CapitalG“, се очекуваше досега да собере 1 милијарда долари, а волуменот веќе поминува 1,5 милијарди долари.

Акционерите обично се обидуваат да избегнат судир на интереси во нивните инвестиции, но кога станува збор за „Uber“ и „Lyft“, се чини дека е фер. „Alphabet“, на пример, инвестира во двете компании. Од „Fidelity“ одбиваат да дадат коментира за оваа тема.

Позицијата на „Fidelity“ во „Uber“ е речиси сигурно многу поголема од нејзината позиција во „Lyft“ – „Fidelity“ го раководеше кругот за финансирање од Серија „D“ за „Uber“ во 2014-та година, кој доби 1,2 милијарди долари

Особено, „Fidelity“ беше клучниот инвеститор кој му помогна на извршниот директор на „Uber“, Трејвис Каланик во текот на летото.

Во меѓувреме документот до приватните инвеститори, со кој „Bloomberg“ располага, открива дека „Lyft“ ќе престане да губи пари за прв пат во 2018-та година. Но, во последните месеци стартапот почнал да троши повеќе пари за да се стекнат со предност во позадина на послабата позицијата на „Uber“ во минатата година.

„Ќе продолжиме да инвестираме во нашата заедница и со нетрпение очекуваме уште поголема 2018-та година“, рече основачот на „Lyft“, Џон Цимер во соопштение.

„Lyft“ и „Uber“ се приклучуваат кон битка за удел на пазарот во САД и „трупаат“ пари за подобро да се подготват за тоа.

Помалата компанија не и требаат парите во моментов – но инвестициите во гранични области, како автономните возила бараат сериозни вложувања и „Lyft“ прифаќа пари, кога тие се на „масата“.

„Uber“, пак, се подготвува да земе најмалку една милијарда долари нови инвестиции од јапонскиот конгломерат „SoftBank“. „SoftBank“ се закани дека ќе инвестира во „Lyft“ ако не може да ја затвори својата инвестиција во „Uber“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП