26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGM на секоја Opel Amperа губи по 10.000 евра

GM на секоја Opel Amperа губи по 10.000 евра

Во релативно краток период од продажбата на електричниот модел „Amperа“, додека се уште беше во сопственост на компанијата „Opel“, „General Motors“ имаше значителни загуби на овој модел.

Секој продаден примерок на електричниот модел „Opel Ampera“ значеше за американскиот гигант загуба од 10.000 евра, пишува „Ројтерс“.

„Ampera“, кој всушност е препакуван „Chevrolet Bolt“ со знакот на „Opel“, се произведува во фабриката на „General Motors“ (GM) во САД. Во гамата возила на брендот „Opel“ е воведен додека „GM“ беше сопственик на овој германски авто-бренд, се цел да помогне за намалување на просечната емисија на возила на „Opel“ и така да ги задоволи строгите правила за еколошки норми на ЕУ.

Кога во текот на летото француски „PSA“ и официјално го превзема „Opel“, сакаше да продолжи со продажбата на „Amperа“, барем во периодот на транзиција да нема проблеми со споменатите стандарди за емисија на целиот бренд.

Меѓутоа, се покажа дека продажбата на овој модел во Европа генерира загуби кои „Opel“, сега под капата на „PSA“, сака да ги реши и да стане профитабилен бренд.

Во меѓувреме, „PSA“ кој на американскиот гигант му плати 1,3 милијарди евра за превземање на компанијата „Opel“, посакува половина од парите назад, затоа што сега го забележа целиот проблем поврзан со „CO2“ емисијата и изложеноста на европските казни, вели извор запознаен со состојбата.

Француската компанија и порача на „GM“ дека и должи повеќе од половина милијарди евра и дека има намера да поднесе тужба поради измама во поглед на стратегијата на „Opel“ за емисијата на гасови, тврадат два извори.

Непосредно пред него „PSA“ да излезе во јавност со оваа информации, „Opel“ престана да прима нарачки од купувачите за моделот „Ampera“, a како официјална причина е наведено дека од американската фабрика, во која овој модел се произведува заедно со сестринскиот „Chervolet Bolt“, не пристигнуваат доволен број возила во Европа.

Моменталниот развој на настаните ја турка „Amperа“ се подалеку од европскиот пазар, со што ќе нанесе штета на вкупниот раст на продажбата на електрични автомобили на Стариот континент, каде на „Amperа“ и се предвидува убава иднина.

Во Германија со државни субвенции возилото се продава за околу 35.000 eвра, a голем интерес за „Amperа“ има и во Норвешка, каде бројот на нарачки се мери во илјадници.

Инаку, „Ampera“ не е единствениот модел на кој производителот генерира значителни загуби. „FIAT“, на пример, во САД губи по 20.000 долари (околу 16.900 eвра) на секој продаден електричен автомобил „500e“, a и споменатиот „GM“ своевремено призна дека на секој продаден примерок од електричниот модел „Chevrolet Bolt“ губи 9.000 долари (7.600 eвра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП