1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапочна производството на новиот BMW M5 (фото)

Започна производството на новиот BMW M5 (фото)

Првиот сериски примерок од новата најмоќна „петка“ излезе од фабриката на „BMW“ во Динголфинг.

Покрај фотографиите на моќниот „M5“, кој пристигнува од фабриката во јужна Баварија, потсетуваме дека станува збор за автомобил со 4.4 литарски „M TwinPower Turbo V8“ мотор кој произведува 600 коњски сили (441 kW), додека максималниот вртежен момент е 750 Nm.

Погонската единица е поврзана со осумбрзински автоматски менувач, а моќта се пренесува на сите 4 тркала.

Кога станува збор за перформансите, тие се импресивни. Oд 0 дo 100 km/h новиот „BMW M5“ забрзува за само 3,4 секунди, додека за забрзувањето до 200 на час му е потребно 11,1 секунди.

Автомобилот стандардно се испорачува со електронски ограничена максимална брзина од 250 km/h, но лимитот може да се подигне на 305 km/h доколку купувачот го нарача своето возило си изборниот пакет „M Driver“.

Најголем новитет во „BMW M5“ e „xDrive“ системот со погона на сите 4 тркала. Овој систем е поврзан со активниот „М“ диференцијал и нуди неколку можности на возачот, вклучувајќи ја и опцијата на традиционалниот погон на задните тркала.

Што се однесува до каросеријата, хаубата е изработена од алуминиум, а кровот е од пластика со засилени јаглеродни влакна. Автомобилот е нешто полесен благодарејќи на ова, но и со другите конструктивни решенија, па така масата (и покрај „xDrive“ системот за погон на сите тркала) изнесува 1.855 kg, што значително е помалку од претходниот „BMW M5“.

Најновиот „BMW M5“ имаше светска премиера на авто-саемот во Франкфурт во септември, а првите произведени примероци се наменети за купувачите на европскиот пазар.

Сепак, испораките на овој автомобил, кој во Германија чини од 117.900 eвра, планирани се дури за март 2018-та, а покрај домашниот пазар, најпрво ќе се појави во продажните салони во Велика Британија и САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП