26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFiat покажа евтин седан

Fiat покажа евтин седан

Се сеќавате ли на „Fiat Linea“? Тоа беше буџетски седан што го нуди италијанскиот производител на некои пазари. Сега компанијата е подготвена со неговиот наследник – „Cronos“, кој е именуван како глобален модел, но првенствено е наменет за Јужна и Латинска Америка, каде што „Fiat“ се продава добро.

Досега, компанијата има само две слики од моделот. Тој речиси не се разликува од хечбекот „Argo“, кој исто така е наменет за Јужна Америка. Разликите се во браниците на ладилникот и решетката, како и зголеменото растојание помеѓу двете оски.

Исто така, постои разлика во местата каде што се произведуваат. „Argo“ се произведува во фабриката на компанијата во Бразил, а „Cronos“ во фабриката во Аргентина. За моделот има атмосферски мотори со волумен од 1,3 литри (111 КС) и 1,8 литри (141 КС), кои можат да работат и на бензин и на етанол.

Во стандардната верзија, двата мотори се опремени со мануелен менувач, но со доплата, послабиот мотор може да се комбинира со автоматски со една спојка. За помоќната верзија има автоматски со 6 брзини. Продажбата започнува на почетокот на 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП