27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАлибаба започна да продава и авиони

Алибаба започна да продава и авиони

Онлајн-шопингот во Кина достигна ново ниво откако два “боинга 747” беа продадени на платформата на „Алибаба“, „Таобао“, што претставува прва успешна интернет-аукција преку која се купени патнички авиони.

Авионите ги купила кинеската компанија за карго-транспорт, „СФ Ерлајнс“, за повеќе од 320 милиони јуани (48 милиони долари). Интересно е тоа што авионот беше ставен на аукција од Народниот суд на градот Шенжен Сити, кој ги заплени двата авиона по банкротот на компанијата „Џејд карго интернешенел“ во 2013 година.

Судот организираше шест обични аукции од 2015 година. Но сите обиди за продажба беа неуспешни. Конечно, беше одлучено да се објават за аукција на платформата „Таобао“, кинески еквивалент на „Ибеј“.

Меѓутоа, дури и оваа аукција не беше целосно успешна бидејќи судот понуди три авиони за продажба, но еден остана непродаден со почетна цена од 18 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП