26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо Кина биле злоупотребувани ученици за да го составуваат iPhone X

Во Кина биле злоупотребувани ученици за да го составуваат iPhone X

Главниот снабдувач на „Apple“ вработува ученици кои илегално работат прекувремено за да го составуваат „iPhone X“ во позадината на напорите на компанијата да ја задоволи побарувачката, откако имаше доцнење во производствениот процес.

Шестмина средношколци посочуваат дека редовно составувале примероци на „iPhone Х“ по 11 часа на ден во фабрика во Женгжу, со што се нарушуваат кинеските закони за прекувремениот труд на работници-ученици.

Шестмината прецизираат дека се дел од групата од 3.000 ученици од училиште во Женгжу кои се испратени во септември да работат во локалната фабрика на тајванскиот снабдувач на „Apple“ – „Hon Hai Precision Industry“, подобро познат како „Foxconn“.

Според зборовите на учениците на возраст меѓу 17 и 19 години, им било кажано дека требало да гo завршат тримесечнoто „работно искуство“ во фабриката.

Една од девојките истакна дека работата не е поврзана со она што го изучувале. Таа има составувано до 1.200 камери на „iPhone Х“ секојдневно.

Училиштето одби да коментира на оваа тема.

„Apple“ и „Foxconn“ признале дека пронашле такви случаи и рекоа дека преземале дејство. Двете компании посочија дека учениците работеле доброволно.

„Apple“ забележува дека ревизијата утврдила дека учениците работат прекувремено и се компензирани за тоа, но не треба да им се овозможи да работат повеќе од дозволеното.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП