26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСериозно е: Nestle дели 1.000 откази

Сериозно е: Nestle дели 1.000 откази

Компанијата „Nestle“ веројатно во Франција ќе угаси повеќе од 1.000 работни места.

Фабриката за флаширана вода „Perrier“, која е во составот на швајцарскиот прехрамбен бренд, се подготвува да го пресели помошниот персонал надвор од оваа земја, тврдат синдикатите.

Претстојните активности за зголемување на ефикасноста ќе значат загуба за повеќе стотитци работни места, изјави Даниел Ложе, секретар на работничката консултативна комисија во „Nestle Purina“ во Париз, пренесува агенцијата Блумберг.

Од „Nestle“ пред два месеци најавија планови за укинување на поголем број од вкупно 550 позиции во истражувачкиот центар „Galderma“ за нега на кожата на југот во Франција, така што вкупната загуба на работни места во француските компании од составот на оваа швајцарска компанија ќе биде поголем од 1.000 изјави Ложе.

На францускиот пазар компанија има 13.000 вработени.

Главниот извршен директор за „Nestle France“, Ришар Жирардо, вeти дека на секој вработен во Париз ќе му биде понудено продолжување на работниот однос на нова локација во Порт де Версај, на западната страна во Париз, каде во 2020 година ќе бидат преселени погоните на „Nestle“ од седум различни локации во таа земја, додава Блумберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП