26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ750 милиони евра ќе инвестира Форд во фабрика во Шпанија

750 милиони евра ќе инвестира Форд во фабрика во Шпанија

Компанијата „Форд“ ќе инвестира над 750 милиони евра во фабриката во шпанскиот град Валенсија, за производство на новата генерација на спортско возило „Форд Куга“ со средна големина.

Во Европа во текот на 2017 година се продадени 126.900 возила од моделот „Куга“, што претставува зголемување од 22 отсто во однос на истиот период лани.

Вкупната инвестиција на „Форд“ во Шпанија од 2011 година изнесува околу три милијарди евра.

Исто така, денес околу 25 проценти од вкупниот број патнички возила продадени во Европа се СУВ, а „Куга“ опфаќа речиси половина од производството на возила во Валенсија.

– Главната инвестиција која изнесува повеќе од 750 милиони евра ја потврдува нашата посветеност на eдна од најважните фабрики за производство во Европа, која се наоѓа во Валенсија. Сакам да се заблагодарам на националната Влада во Мадрид и на регионот Валенсија за нивната континуирана поддршка и за нивната работа за одржување на поволна клима за бизнис инвестиции воВаленсија“, наведе Стивен Армстронг, претседателот на „Форд“ за Европа, Источна Азија и Африка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП