27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTencent е првата кинеска компанија со вредност од повеќе од 500 милијарди...

Tencent е првата кинеска компанија со вредност од повеќе од 500 милијарди долари

„Tencent“ стана првата кинеска компанија која вреди над 500 милијарди долари, пишува „TechCrunch“.

Акциите на 19-годишната компанија која е на берзата во Хонг Конг, ја зголемија цената до 418,80 хонконгски долари, со што пазарната капитализација на компанијата достигна 3,99 милијарди хонконгски долари, а тоа значи дека таа поминува границата од 500 милијарди американски долари. Главниот конкурент, „Alibaba“ е втора највисока компанија со 474 милијарди долари.

Влегувањето во клубот на компаниите со 500 милијарди долари, кој ги вклучува „Apple“, „Alphabet“, „Facebook“, „Microsoft“ и „Amazon“, се случува една недела откако „Tencent“ забележа профит од 2,7 милијарди долари и приходи од 9,8 милијарди долари за третото тримесечје од 2017-та. Вкупната заработка скокна 69% и приходите за 61%, благодарение на бизнисот со игри на „Tencent“.

Во последните 12 месеци вредноста на акциите на сопственикот на апликацијата за разговор „WeChat“ скокнала двојно благодарение на импресивните финансиски резултати, како оние за третиот квартал.

Капитализација на пазарот на „Tencent“ се зголеми повеќе од три пати од март 2014-та година, кога достигна 150 милијарди долари, надминувајќи ја онаа на „Intel“.

Чет апликацијата „WeChat“ е најголемата ваква услуга во Кина, која има околу 1 милијарда корисници, но на странските пазари не успеа да го повтори овој успех.

„Tencent“ се фокусира на секторот за игри за компјутери и мобилни и е клучен за приходите на компанијата. Само во последниот квартал тој донел 5 милијарди долари, благодарение на блокбастерот меѓуи игрите како „Honour of Kings“, како и благодарение на купувањето на компаниите кои стојат зад насловите како „Clash of Clans“ (Supercell) и „League of Legends“ (Riot Games).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП