26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba го следи чекорот на Amazon

Alibaba го следи чекорот на Amazon

Само пред неколку месеци, „Amazon“ го купи американскиот супермаркет „Whole Foods“ за 13,7 милијарди долари. Стратегијата исто така беше проследена и со кинеската „Alibaba“, која објави дека купила 36,16% од кинеските 490 супермаркети, „Sun Art Retail Group Ltd“.

По договорот, „Alibaba“ ќе стане втор најголем акционер во компанијата.

Француската група „Groupe Auchan SA“ поседува 36,18% од компанијата, а „Ruentex“ има 4,67%.

Кинескиот пазар за храна се проценува на околу 500 милијарди долари годишно, но 85 отсто од нив се набавени офлајн. Очекувањата се до 4 години да пораснат до 660 милијарди долари.

„Alibaba“ сака да обезбеди поголем дел од онлајн шопингот од супермаркетите низ целата земја. Овој пазар се очекува да достигне 180 милијарди долари во 2020-та година.

„Sun Art Retail Group“ поседува 8,2% удел во Кина во својот сегмент каде што се натпреварува со главните играчи како „China Resources“ и „Wal-Mart Stores Inc“.

„Alibaba“ исто така информира дека има намера да направи понуда за купување на преостанатите 23% од капиталот на компанијата.

Од 2015-та година „Alibaba“ инвестира околу 9,3 милијарди долари во физичките продавници.

Акциите на „Amazon“ се зголемија за 50% од почетокот на 2017-та година, додека порастот на „Alibaba“ е над 110%. Денес, пазарната вредност на „Amazon“ е 543 милијарди долари, а на „Alibaba“ има капитализација од 464 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП