26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Визер“ најави големо проширување во Лондон

„Визер“ најави големо проширување во Лондон

Најголемата нискобуџетска авиокомпанија во Централна и Источна Европа, „Визер“, објави масовно проширување на својата база Лутон, со тоа што до јуни 2018 година ќе пристигнат четири авиони „ербас А320“ како надоплнување на флотата Лутон.

Распределбата на уште четири авиони, опремени со 186 седишта, го носи вкупниот број на авиони до пет во флотата Лутон на „Визер“. Со комбинирана вредност од 500 милиони долари „Визер“ ја продолжува приказната за феноменалналниот раст во Велика Британија.

Во изминатите дванаесет месеци (до 31 октомври 2017 година) „Визер“ превезе повеќе од 5,5 милиони патници само на рутата Лутон, што претставува пораст од 11 отсто во споредба со 2016 година, така што „Визер“ стана втор најголем авиопревозник на аеродромот „Лутон“. „Визер“ го проширува својот капацитет во Лутон 15 отсто од година на година и во 2018 ќе понуди повеќе од 6,9 милиони места на своите 46 рути во 20 земји.

Како резултат на оваа значајна експанзија, „Визер“ со воодушевување понуди пет нови рути за патниците од Велика Британија, кои се во потрага по следна авантура во странство. Дневните летови ќе работат на рутите до прекрасните градови Ларнака во Кипар и Братислава во Словачка, а четири лета неделно ќе работат до Талин, до Естонија и три лета неделно до Тирана во Албанија и до Лавов во Украина. Седиштата за новите рути веќе се продаваат и може да се резервираат за 26,99 GBP (фунти) на wizzair.com

Дополнителните авиони исто така ќе му овозможат на „Визер“ да ја зголеми фреквенцијата на летовите на три од најпопуларните рути. Почнувајќи од пролетта 2018, летовите до Тел Авив и Сучава стануваат секојдневни, а летовите до Приштина ќе се зголемат од два до три пати неделно, дополнително демонстрирајќи ја посветеноста на „Визер“ кон своите клиенти во Велика Британија преку создавање уште повозбудливи можности за патување во цела Европа и пошироко.

Со доаѓањето на новите авиони и дополнителните рути ќе се креираат 150 нови локални работни места, со што бројот на вработените на „Визер“ во Лутон ќе се зголеми на 180, сите ќе бидат обучени да испорачаат највисоки услужни стандарди за клиентите и авиобезбедноста обезбедувајќи одлично патничко искуство во секоја фаза од патувањето со „Визер“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП