26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да постапите со незадоволен муштерија?

Како да постапите со незадоволен муштерија?

Ако директно работите со потрошувачи, веќе ги познавате оние потрошувачи кои реагираат бесно и не можат да одолеат на викање или да се однесуваат навредливо. Ваш предизвик е да го лоцирате проблемот со минимум трошење на енергија за вас, вашиот персонал и потрошувачот.

Користете ги следниве 6 чекори за да ја спречите драмата.

1. Не го сфаќајте лично

Вистинската причина, зошто потрошувачите викаат на вас е секогаш поврзана со нешто друго што им се случува во нивните животи. Едноставно тоа е ваша лоша среќа што сте во моментот баш вие на работа , кога потрошувачот има лош ден, недела или година.

2. Не реагирајте на бесот

Во ситуација на бес повеќето луѓе реагираат на два начина: се лутат сами на себе или се обидуваат да се смири ситуацијата, за да има мир. Двата пристапи се грешка во овој случај. Ако реагирате бесно, само ќе ја нахраните лутината на потрошувачот. Ако сте смирени, вие едноставно му одобрувате на потрошувачот да продолжи со драмата.

3. Очекувајте и барајте учтивост

Бидете јасни и цврсти, дека имате волја да помогнете да се реши проблемот, но нема да дозволите да ви викаат или да се однесуваат неучтиво. Дадете до знаење, дека вашата помош ќе зависи од нивната волја да се однесуваат цивилизирано. Во повеќе од случаите, потрошувачот ќе се смири.

4. Ако потрошувачот не е подготвен да соработува, завршете го разговорот

Направете го ова учтиво но цврсто. Дадете до знаење, дека ќе ви биде мило да помогнете, во оној момент кога потрошувачот ќе покаже волја да се однесува кон вас, со почитта што ја заслужувате. Да, можеби ќе ги изгубите тој потрошувач, но исто така ќе ја изгубите константната главоболка која ќе ви ја задава потрошувачот, доколку не поставите разумни граници.

5. Извинете се за проблемот

Откако ќе побарате и добиете учтиво однесување, и само тогаш, извинете се за непријатноста која го предизвикала проблемот. Потоа, објаснете дека сте посветени исто колку и потрошувачот, за цврсто и правично решавање на проблемот.

6. Работете на проблемот

Сега кога поставивте нормален однос, и став дека нема да дозволите да бидете навредувани, можете да продолжите да работите на проблемот. Ако проблемот не може да се реши веднаш, најдете начин да се информирате за прогресот за решавање на проблемот. Треба да бидете цврсто посветени, бидејќи всушност тоа и му го ветивте на потрошувачот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП